Оскаровката Кејт Винслет се прослави со улогата на Роуз Калверт во познатиот филм „Титаник“.
Освен по забележителните актерски улоги, Кејт се издвојува и по љубовниот живот кој изобилуваше со турбуленции.
Актерката била тивко страдање на многу мажи, но никогаш не се замарала со својот изглед, не и’ било важно колкава тежина има, ниту пак имала желба да се вклопи во стандардите. Ја карактеризира голема самодоверба и покрај тоа што како мала се соочувала со негативни коментари од врсниците. Во една прилика раскажала дека како мала имала вишок килограми, а ја нарекувале „дебела“ и „морж“.
„Дури ми рекоа дека би можела да бидам среќна ако ми ја дадат улогата на дебела девојка. Агентите ми велеа: „Ти едноставно не си тоа што го бараме“, го слушнав тоа безброј пати“, рече таа. .
„Не сакав да се откажам од моите соништа, возвратив. Морав да ги игнорирам сите тие негативни коментари. Верував во себе, работев напорно и вложив многу труд”, рекла таа.
Наскоро таа доби улога во реклама, а потоа и во некои странски филмови. На училиште активно играла во бројни претстави каде нејзиниот талент дошол до израз.
Ангажманите кои ги имала како дете и’ овозможиле да стекне големо искуство, додека на 19 години успеала да се пробие до Холивуд, каде ја добила најважната филмска улога во животот. Тоа беше улога во Титаник.
На снимањето таа набрзо се спријателила со нејзиниот колега Леонардо ди Каприо, кој го глумеше нејзиниот партнер, а тие двајца беа една од омилените актерски парови.
Нејзиниот љубовен живот бил турбулентен, првата врска ја имала на 15 години, а се заљубила во актерот и сценарист Стивен Тредре, кој бил 12 години постар. Тој беше еден од оние кои и’ го одбележаа љубовниот живот, па дури извесно време живееја заедно, во Лондон.
Тие раскинаа во 1995 година, но останаа блиски до неговата смрт две години подоцна. Поради неговиот погреб, таа ја пропушти и премиерата на „Титаник“, додека и’ требаше долго време да се помири со неговата смрт.
Актерката за првпат се омажи со Џим Триплтон, а се венчаа во 1998 година. Две години подоцна ја добија ќерката Миа, а бракот им пропадна по три години. Две години подоцна, во 2003 година, таа се омажи за режисерот Сем Мендес, со кој доби син. Покрај семејните обврски кои ги имаше, Кејт не ја запостави кариерата, беше многу успешна, а набрзо стана првата личност помлада од 30 години која има четири номинации за Оскар. Филмот „The Woman I Read To“ ѝ донесе Оскар во 2008 година.
Една година после тоа, таа откри дека нејзиниот брак со Мендес е завршен, додека во 2011 година го запознала нејзиниот трет сопруг Едвард Смит. Двојката се венча во 2012 година, а круна на нивниот брак е синот кој го добија следната година.
Извор: курир.рс
Фото: Принскрин Јутјуб