(Видео) „Ова е само почеток“ – Украина призна дека го разнела мостот на Крим – ММС
ММС

Објавено на: 10/8/22 11:31 AM

(Видео) „Ова е само почеток“ – Украина призна дека го разнела мостот на Крим

Откако рано утринава експлодира камион на мостот Крим, на руските канали  беше објавена слика од камионот, како и информација каде се движи.


– Камионот што експлодира на мостот на Крим најверојатно дошол од Краснодар. Денеска во 06:15 часот дошло до експлозија. Претходно, црвен камион, натоварен со експлозив, поминал низ столбот ГИБДД и детонирал на мостот. Според прелиминарните информации, резервоарот за гориво е запален, додека лаковите не се оштетени.


Предмет за кој се верува дека е резервоар за гориво, наводно, се запалил на мостот на Крим, но сводовите и вијадуктите на водениот пат не се оштетени, изјави заменик-претседателот на Крим Олег Крјучков.
На видеата кои се објавени може да се види урнатиот мост, како и вагоните кои целосно изгореа. По големата експлозија пожарот е локализиран, а како сега изгледа мостот на Крим погледнете во видеото.

Министерството за одбрана на Украина на својот Твитер профил објави порака во врска со уништувањето на мостот на Крим. Министерството за одбрана потврди дека зад нападот на мостот стои Киев.

„Ракетниот крстосувач Москва и Кримскиот мост – два значајни симболи на руската моќ на Крим – исчезнаа. Што понатаму, Руси“? Киев продолжува отворено да ја презема одговорноста за нападот на мостот на Крим, се вели на Твитер.


Исто така, по повод нападот се огласи и Михаил Подољак, советник на претседателот на Украина Зеленски, кој на својот канал Телеграм напиша дека мостот на Крим е „само почеток“.
„Мостот на Крим е само почеток, сè што е незаконски ќе биде срушено. Се што е украдено мора да се врати во Украина, се што окупираше Русија ќе биде ослободено.
Рано утринава во 6:07 часот по московско време, како што тврди руската страна, експлодирал камион полн со експлозив додека минувал мост паралелно со воз полн со бензин. Следела страшна експлозија, по што на две места бил уништен патниот дел од мостот, а од детонацијата се запалиле седум вагони полни со бензин.

ИЗвор: телеграф.рс/курир.рс

Фото: Принтскрин