Видеолотарија Касинос Австрија го поддржа турнирот во мал фудбал на Спортско радио – ММС
ММС

Објавено на: 10/7/22 4:06 PM

Видеолотарија Касинос Австрија го поддржа турнирот во мал фудбал на Спортско радио

Комерцијален текст

Видеолотарија Касинос Австрија го поддржа триесеттиот турнир на медиумите во мал фудбал во организација на Спортско радио. Турнирот годинава ќе има меѓународен, но и хуманитарен карактер, а ќе се реализира во сабота на терените на „Куќата на фудбалот“.

Македонските фудбалски и новинарски легенди, ќе се обединат со своите колеги од поранешните југословенски простори во сабота на турнирот, со кој Спортско радио ќе го одбележи својот јубилеј, три децениска медиумска работа.

Горан Пандев, Кочо Димитровски, Саша Чириќ, Вујадин Станојковиќ, Наумче Мојсовски, Пеце Наумовски, Драги Цветинов, Јовче Џипунов,  се само дел од тимот кој ќе ја претставува македонската репрезентација. Ќе добијат засилување од естрадата од Калиопи, Никола Ристановски и други.

Во меѓународната програма, покрај селекциите на Македонија, ќе се појават и селекциите на БиХ, Србија, Хрватска, а помеѓу  спортски легендите  кои ќе играат за овие репрезентации ќе ги видиме Саво Милошевиќ, Драгиша Биниќ и Марко Млинариќ.