На Брена многумина и позавидеа за изгледот во седмата деценија, а пејачката своевремено ја сподели тајната на нејзината витка линија.
Пејачката еднаш водела битка со вишокот килограми, а во еден период имала дури 17 килограми вишок.
‒ Помина времето кога се држев за „репертоар“ што вклучуваше полнет стек или нешто пржено. Важно е да се грижите за тоа што јадете. Ако веќе го точиме најдоброто гориво во автомобилите, зошто да не го правиме истото со нашите тела – рече еднаш Брена и откри како изгледа нејзиното дневно мени:
‒ Мојот прв дневен ритуал е чаша млака вода со неколку капки лимон, по што следи оброк, кој обично се состои од лесно смути. Во текот на денот јадам многу освежително овошје и секогаш имам при рака вода со лимон. Избегнувам млеко и млечни производи, се освен кефир, леб речиси и не јадам. Најмногу сакам салати со додавање на брусница, мелени ореви, морска сол, добро маслиново масло и многу сок од лимон. Сакам риба на сите начини. Секоја година пред почетокот на летната сезона губам два-три килограми за да можам да јадам тестенини навечер бидејќи вечерите ни се доста доцни.
Пејачката откри и дека нејзината исхрана не е строгост со нејзиното тело, туку напротив начин како да го одржува здраво што подолго:
‒ Мислам дека не е строгост кон сопственото тело, туку дисциплина. Некои би рекле дека тоа е пост, кој е застапен во секоја религија, а јас го нарекувам детоксикација. Кога сакам да ослабам некој килограм, исклучувам шеќер, односно колачиња, алкохол, јаглехидрати и јадам само органско овошје и зеленчук, сето тоа пред 17 часот. Кога ќе го тренирате вашиот ум да го прави тоа, се чувствува фантастично. Сепак, телото најдобро се опоравува кога гладува. Се разбира, не треба да претерувате. Не сум манекенка, ниту сакам екстремна тенкост, но ми се допаѓа кога некако гладувам. Се чувствувам полесен и повитален, вели таа.