Македонската фудбалска репрезентација забележа пад за една позиција на најновата ранг-листа на ФИФА на која се наоѓа на 64. место.
На послабиот рејтинг влијаеја двете порази на македонските фудбалери во септемврискиот циклус во Лигата на нации, од Грузија (0-2) на гостински терен и од Бугарија (0-1) во Скопје.
На чело на ранг-листата на ФИФА останува Бразил, пред Белгија, Аргентина, Франција, Англија, Италија, Шпанија, Холандија, Португалија и Данска.