Заеднички ќе ја браниме границата на Србија и Северна Македонија, министерот за надворешни работи на Унгарија Петер Сијарто – ММС
ММС

Објавено на: 10/6/22 2:17 PM

Заеднички ќе ја браниме границата на Србија и Северна Македонија, министерот за надворешни работи на Унгарија Петер Сијарто

Министерот за надворешни работи на Унгарија Петер Сијарто денеска изјави дека Унгарија, Австрија и Србија се договориле да ги здружат силите и дополнително да ги зајакнат границите меѓу Србија и Северна Македонија, како во однос на персоналот, така и на опремата.

На крајот од трилатералната средба на Австрија, Унгарија и Србија за миграцијата, Сијарто истакна дека тие три земји не ги бранат само своите граници, туку и ЕУ.

„Наш заеднички интерес е да ја преместиме таа одбранбена линија на југ и затоа се согласивме да ги обединиме нашите сили и да обезбедиме уште подобро и посериозно зајакнување на границите меѓу Србија и Северна Македонија, и во однос на работна сила и опрема“, рече Сијарто.

Тој нагласи дека Унгарија е подготвена да учествува во тие заеднички напори за одбрана на јужната граница на Србија, без разлика дали станува збор за персонал, технологија или опрема, со цел да се обезбеди најдобра можна заштита на границата на Србија и Северна Македонија.

МИА