Членовите на групата „Ураган“, која пред две години ја претставуваа Србија на Евровизија, неодамна објавија дека на соработката и дојде крајот и дека секој од нив ќе започне соло кариера.
Ивана Николиќ веќе предизвика бурни реакции на социјалните мрежи со еден стих од новата песна, а сега неименуван извор тврди дека групата планира повторно обединување, но само за свадби!
“Групата работеше одлично, девојките беа барани во сите клубови, но и на приватни прослави. Создадоа феноменална атмосфера со песни, ора, флертување со публиката и гостите. Бендот се распадна, девојките почнаа соло кариера, но луѓето сè уште ги бараат. Сакаат да ги слушаат и тоа исклучиво заедно. И не само менаџерите на клубовите, туку и оние кои организираат приватни прослави и свадби“, рекол изворот и додал дека ураганките решиле да ја зголемат цената поради ова.
„Веќе неколку недели владее општо побарување за нив, но ги одбиле сите понуди, бидејќи им била понудена цената за која досега настапувале, 30.000 евра, ако некој им даде повеќе пари, со задоволство ќе пеат заедно. Трите не се караат, редовно се слушаат и се поддржуваат.Затоа не би им било проблем да настапат заедно, а единствен услов за тоа е да добијат 50.000 евра“.
Истиот извор објаснува дека бендот се распаднал затоа што Ивана, Сања и Ксенија сакале да заработат повеќе:
„Нивниот хонорар беше 30.000 евра, но додека ги поделија парите со музичарите, менаџерите и другите луѓе кои работат за нив, не им остануваше многу. Сфатија дека можат многу повеќе да заработат индивидуално, па решија да се разделат“.
Ова за Информер го коментира Ксенија Кнежевиќ:
„Ако некој добро плати, пак ќе се сретнеме да пееме на некоја прослава или настап. Ние трите сме супер, често се допишуваме и не би ни било проблем да пееме заедно“.
Извор: мондо.рс