Не сакале снаа пејачка, а и постара од него девет години – Рада и Харис раскинале под притисок на семејството – ММС
ММС

Објавено на: 10/6/22 9:28 AM

Не сакале снаа пејачка, а и постара од него девет години – Рада и Харис раскинале под притисок на семејството

Пејачката Рада Манојловиќ по повеќемесечни шпекулации потврди дека раскинала со Харис Берковиќ.

Таа во својата објава на Инстаграм откри дека „веќе не се заедно и дека му посакува многу среќа“, по што почнаа шпекулациите дека родителите на пејачот се причина за раскинувањето.

„Иако беа во врска со години, родителите на Харис никогаш не ја прифатија Рада како потенцијална снаа. Тие веруваа дека Рада е воспитана сосема поинаку од нивниот син и дека нема да можат да живеат во хармонично заедница. Ним не им се допадна тоа што е пејачка девет години постара од нивниот син.  Сакаа сосема поинаков профил на снаа“, рекол неименуван извор на весникот Ало.

„Рада на секој начин се обидуваше да го освои срцето на семејството, но за жал, не успеа. По пандемијата на коронавирус работите се искомплицираа уште повеќе. Тој е многу приврзан за семејството, не успеа да изгради успешна кариера во Србија, па поголемиот дел од времето го поминуваше во Босна. Кога и да доаѓаше во Босна спиеше во хотели. Никогаш не доаѓаше во неговата куќа, семејството избегнуваше контакт со неа. Харис повеќе не можеше да го издржи притисокот и го променл однесувањето кон Рада. Иако таа на многу начини се обидуваше да ја спаси врската, на крајот раскинаа“, заклучува изворот.

 

Извор: mondo.rs