Поскапува дизелот, цените на бензините остануваат исти – ММС
ММС

Објавено на: 10/5/22 5:58 PM

Поскапува дизелот, цените на бензините остануваат исти

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од полноќ се зголемува за 2,00 денара, а на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) за 2,50 денари за литар. Цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Мазутот М-1 НС не се менуваат, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе биде 94,50 денари, а на Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) за 92,00 денари за литар.

Бензинот ЕУРОСУПЕР БС – 95 и натаму ќе се продава за 86,50, ЕУРОСУПЕР БС – 98 за 89,00, а Мазутот М-1 НС за 50,228 денари.