Се срамела од него, а свадбата траела четири дена – Меган Маркл од првиот маж побарала труднички договор – ММС
ММС

Објавено на: 10/5/22 9:00 PM

Се срамела од него, а свадбата траела четири дена – Меган Маркл од првиот маж побарала труднички договор

Меган Маркл првпат го кажала судбоносното „да“ во 2011 година на Тревор Енгелсон, кој не бил принц, но е многу познат холивудски филмски продуцент и влијателен човек.

Иако тогаш мислела дека нивната љубов ќе трае цел живот, медиумите објавија дека поранешната актерка воопшто не изгледала среќна.

Тревор и Меган имаа четиридневна венчавка на плажа во Јамајка, но тоа не наликуваше на гламурозниот кралски гест кога се омажи за принцот Хари. Овој пар, кој исто така ја делеше љубовта преку истата работа, беа заедно седум години, а се запознаа во кафеана.

На првата венчавка Меган носела едноставен долг бел фустан со сребрен појас и пуштена коса, додека младоженецот имал бела кошула и панталони. Невестата потоа се пресоблекла во жолто бикини и танцувала на плажа со прекрасни луѓе и коктели до утро.
Британскиот таблоид Дејли Мејл ексклузивно дознал како Меган Маркл побарала од својот прв сопруг да потпише договор во кој е нагласено што се ќе плати кога таа ќе биде бремена и дека е многу ладнокрвна кон него.

Тревор морал да се обврзе да плати за личен тренер, нутриционист и дадилка за брзо да ја врати Меган на старите патеки како пред бременоста, како со животот и актерството, така и физички. Во Америка ваквите договори се доста популарни, но тие генерално се базираат повеќе на поделбата на домашните работи и финансиите.
Меѓутоа, по само осумнаесет месеци брачен живот, меѓу Меган и Тревор настанаа бројни непростливи несогласувања, па парот поднесе барање за развод. Делумно причината за толку брзиот колапс на нивниот заеднички живот беше нивната оддалеченост, бидејќи во 2011 година Меган ја доби улогата на Рејчел Зејн во серијата “Suits”, која се снимаше во Торонто, додека Тревор останал во Лос Анџелес. Во август 2013 година, тие добија развод без вина и на двајцата.

Од друга страна, поранешниот сопруг на Меган најде начин да профитира од неа по пропаѓањето на љубовта.

Но, малку е познато дека првите проблеми всушност започнале три недели пред свадбата, кога Тревор наводно пиел од шише во шоу програма, што ја налутило Меган. Извор близок до парот тогаш откри дека таа постојано му праќала пораки „да го спушти шишето“ и дека изгледа „многу непрофесионално“, како и дека таа се засрамила од неговото недолично однесување.

Извор: Курир.рс

Фото: Принтскрин