Кој кому препишал имот и зошто не! Откриена вистинската причина зошто се тепале Северина и сестра и – ММС
ММС

Објавено на: 10/5/22 8:00 PM

Кој кому препишал имот и зошто не! Откриена вистинската причина зошто се тепале Северина и сестра и

Кон крајот на август како бомба се појави веста дека Северина се степала со сестра си Маријана Поповиќ со која веќе подолго време е во нарушени односи.

Како што малку се смири прашина по големата семејна драма, вистинската причина за конфликтот излезе на површина, по бројните шпекулации.

Пејачката била обвинета за напад,  нејзината сестра ја пријавила во полиција. Официјалните лица со  ја пречекаа оваа регионална ѕвезда на аеродромот во Загреб и ја однесоа на испрашување во станицата.
Веднаш по кавгата меѓу двете ќерки, се огласи мајката на Северина, Ана Вучковиќ, која многу ретко дава коментари за медиумите, која истакна дека Маријана не е првпат да прави вакви проблеми. На крајот, гласините велат дека коска на расправија се покажа дека е недвижен имот.

– Во медиумите се пишуваа секакви работи за тоа што всушност ја предизвикало тепачката во станот во Сплит меѓу двете сестри. Точно е дека Маријана ја повреди тоа што Севе ја одјавила од адресата во Сплит, но главниот предизвикувач на конфликтот е тоа што нивната мајка Ана ѝ префрлила имот директно на ќерката на Маријана, Миа, нејзината внука, која ја обожава. Таа воопшто не се консултирала со Маријана за тоа, додека Северина целосно ја поддржала идејата на нејзината мајка и била запознаена со сите детали – изјавил извор близок до семејството Вучковиќ.
Познато е дека Мија и нејзината мајка со години не се во добри односи, како и дека извесен период живеела со тетка и Северина и дека тие двете прекрасно се согласуваат.

– Откако дознала дека мајката директно и го префрлила недвижниот имот на внуката, без воопшто да ја извести за тоа, Маријана полудела од бес. Таа ги повикала Ана и Северина да разговара со нив и да и објаснат се, но тие со денови не одговарале на нејзините повици. Бидејќи со години не комуницира со ќерката, а за тоа ја обвинува Северина, веднаш заминала во Сплит да живее со мајка си во стан. Но, таму била и Севе, која веднаш застанала на страната на нејзината мајка и ја заштитила од бесната Маријана – заклучил изворот.