Јужнокорејски проектил, истрелан за време на заеднички вежби со американските сили, се урна во воен комплекс на североистокот на земјата.
Заедничката вежба беше организирана како одговор на севернокорејското лансирање на балистичка ракета над Јапонија еден ден претходно.
Балистичката ракета „Хјунму-2“ се урна во близина на градот Гангнанг, на околу 90 километри од границата со Северна Кореја, потврди јужнокорејската војска. Според нивните изјави, боевата глава не експлодирала, нема жртви или материјална штета, но на социјалните мрежи се појави видео од голем пожар во воената база во близина на местото каде што паднала ракетата.
It’s only just been confirmed that the US and ROK conducted their own missile drill in response to North Korea’s recent missile test.
One of South Korea’s Hyunmoo-2 failed shortly after launch and crashed, but caused no casualties.https://t.co/j7K3semX3g
— Raphael Rashid (@koryodynasty) October 5, 2022
Војската на Јужна Кореја соопшти дека ракетата откажала набргу по лансирањето и дека се истражува причината за техничките проблеми, извинувајќи им се на граѓаните за падот на ракетата, што можеби предизвикало страв и вознемиреност кај жителите на Гангнанг.
Вежбата на јужнокорејската и американската војска, во која секоја војска истрела по две тактички балистички ракети АТАЦМС, а Јужна Кореја неуспешно истрела ракета Хјунму-2, беше одговор на пробното лансирање на балистичка ракета со среден дострел од страна на Северна Кореја.
Вчера севернокорејска ракета прелета над територијата на Јапонија, за прв пат по пет години, поради што населението на северот на Јапонија беше предупредено да се засолни, а железничкиот сообраќај беше привремено во прекин.
Извор: Информер
Фото: Принтскрин Јутјуб