Во медиумите се појави веста дека Том Брејди и Жизел Бундхен, еден од најубавите парови, решиле дека е подобро да живеат секој за себе по големата кавга меѓу нив.
Сега е очигледно дека помирувањето нема да се случи, бидејќи и двајцата ангажирале адвокати, кои го започнале случајот за развод.
-Никогаш не мислев дека оваа кавга ќе им биде крај – изјави познат извор за Пејџ Сикс.
– Мислам дека сега нема враќање назад. И двајцата имаат адвокати и гледаат како да го поделат имотот од повеќе милиони долари – вели тој.
View this post on Instagram
Претставниците на Брејди и Бундхен одбија да зборуваат за медиумите.
Упатените блиски до седумкратниот шампион во Супер Боул, Том Бредли и супермоделот Жизел Бундхен, рекоа дека и двајцата остануваат многу вклучени во животот на нивните деца и ќе го делат старателството доколку е потребно.
Двајцата го имаат синот Бенџамин (12), ќерката Вивијан (9), а Брејди е татко и на синот Џек (15), кој го има со поранешната сопруга.
Вредноста на нивниот имот се проценува на 26 милиони долари. Во мај Форбс објави дека тој сега е деветти најплатен спортист во светот.