Невидена трагедија се случила денеска во Вршац, Србија, кога Марко Б. ја удавил својата ќерка (2), а потоа се обесил.
Трагедијата се случила нешто по 14 часот, а полициската истрага траела до 19 часот.
Како што дознава „Блиц“, телата биле однесени нешто пред 19 часот, а на самото место очевидци биле сведоци на шокантната сцена.
– Мајката на детето седеше на скалите и врескаше „дај да си го видам детето“. Ова е невидена трагедија – велат очевидци.
Според првите резултати од истрагата, таткото го удавил девојчето во кофа со вода, а потоа се обесил.
Таткото и мајката на убиеното дете биле во процес на развод, а Центарот за социјална работа и покрај противењето на мајката наредил таткото да го гледа детето. Таа денеска во полиција пријавила дека сопругот и испратил порака во која најавува дека ќе се убие себеси и детето.