Повалкано е од тоалетот, полно со бактерии, а пред очи ви е – Стјуардеса ја открила највалканата тајна во авионот – ММС
ММС

Објавено на: 10/4/22 6:00 PM

Повалкано е од тоалетот, полно со бактерии, а пред очи ви е – Стјуардеса ја открила највалканата тајна во авионот

Џејн Хокс со години работи како стјуардеса, а неодамна откри дека некои работи не се чистат меѓу летовите и затоа се страшно валкани, а еден од нив е послужавникот за јадење и пиење.

– Можеби изгледаат почисти отколку што се, но садовите за храна во авионите често се жаришта на разни бактерии. Затоа им советувам на сите, доколку планираат да ги користат, да земат антибактериски марамчиња со себе во авион и да ги избришат. Тие послужавници често не се чистат меѓу две качувања, особено ако авионот застанал само на кратко – објасни Хокс.
– Некои патници ги менуваа дури и детските пелени на послужавниците, додека други на нив, на пр. спијат – рекла поранешната стјуардеса за Мирор.

Таа вели и дека темелното чистење на леталото се случува во текот на ноќта или за време на планираното одржување, така што леталото е најчисто на летовите во раните утрински часови. Понатаму, наведувајќи на што да внимаваат, Џејн потсетува дека уште една жешка точка за бактерии може да бидат безбедносните појаси што ги допираат сите што минуваат, а таа ги предупредува патниците да ги избришат токите на седиштата и потпирачите за глава кои луѓето често случајно ги допираат додека го бараат своето седиште.
Исто така, бидејќи многу луѓе ги користат џебовите на седиштата како мали корпи за отпадоци во текот на летото, Џејн забележува дека тие се исто така потенцијални места на инфекција.

– Внимавајте со џебовите на задниот дел од седиштето кои можат да бидат полни со искористени марамчиња или полуизедена храна бидејќи се случува да не се проверува секогаш се пред да се качат другите патници – додала таа.

(Kurir.rs/Mirror)