Поранешниот американски претседател Доналд Трамп го тужи Си-Ен-Ен за клевета и бара отштета од 475 милиони долари.
Во својата тужба поднесена до судот во Форт Лодердејл, Флорида, Трамп тврди дека Си-Ен-Ен го искористил своето значително влијание за да го порази политички. Од медиумската куќа се уште не се изјасниле за тужбата.
Поранешниот републикански претседател на 29 страници од тужбата пишува дека Си-Ен-Ен долго време го критикува, но дека интензивирале во последните месеци бидејќи планира повторно да се кандидира на изборите во 2024 година. Во документот се наведуваат примери во кои Си-Ен-Ен го споредува Трамп со Хитлер, вклучително и прилог од јануари 2022 година на Фарид Закарија, кој вклучува снимки од поранешниот диктатор.
МИА