ОВР Виница и СЦР Штип информирааат за двајца силувачи, кои вчера нападнале жени.
-На 02.10.2022 во 23.15 часот во Виница, полициски службеници од ОВР Виница го лишиле од слобода В.Е.(54) од с.Градец, виничко, затоа што во периодот од 19.00 до 20.00 часот извршил обљуба врз 36- годишна жена од Виница. Запознаен е Јавен обвинител, извршен е увид на местото и се работи на расчистување на случајот, по што ќе следи соодветен поднесок.
На 02.10.2022 околу 15.30 часот во СВР Штип, О.Ј.(24) од с.Радање, општина Карбинци, пријавила дека на нива во близина на с.Радање, И.Ј.(55) од с.Радање физички ја нападнал и ја допирал по телото и со тврди предмети го оштетил нејзиното и возилото на нејзиниот татко. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.