„Арсовска со трубачи ја чекаа во ВМРО, не во СДСМ“ – Ковачевски смета дека опозицијата треба да се извини – ММС
ММС

Објавено на: 10/3/22 3:30 PM

„Арсовска со трубачи ја чекаа во ВМРО, не во СДСМ“ – Ковачевски смета дека опозицијата треба да се извини

На денешната средба со новинарите премиерот Ковачевски беше прашан дали Мицкоски ќе го тужи за клевета, бидејќи не  му се извинил.

На тоа тој рече:

-Секој човек мора да функционира врз основа на етички норми. Јас веќе две недели сум под константни напади на ВМРО ДПМНЕ и тоа со конструкција на најдолни лаги. Сметам дека треба да се извинат, затоа што јас 22 години работев во приватниот сектор на најтранспарентен и законит начин. Не може да се прават конструкции од тоа како функционираат компании кои се независни и функционират врз основа на закон. Дали ќе има тужба не можам да кажам, ниту сум правник, ниту адвокат. Целта е да се тргне вниманието од тенедерот од 136 милиони евра во „Водовод“.  Ниту јас го обвинив, ниту СДСМ, туку го обвини ВМРО ДПМНЕ, партијата во која е претседател. Бидејки Арсовска е градоначалник од ВМРО ДПМНЕ. Па Данела Арсовска со трубачи ја чекаа во ВМРО не во СДСМ. Кој ја фалеше на митинзи?, рече Ковачевски.