Тепачки низ цела држава на малолетници, за паркинг, а има и семејно насилство – ММС
ММС

Објавено на: 10/1/22 5:56 PM

Тепачки низ цела држава на малолетници, за паркинг, а има и семејно насилство

Министерството за внатрешни работи информира дека за 24 часа низ државава се случиле повеќе физички пресметки, по разни причини, паркинг, нетрпение, семејсно насилство…

Еве што велат од МВР:
-На 30.09.2022 во 08 часот во Полициска станица Центар Д.Т.(26) и К.Н.(26), двајцата од Скопје пријавиле дека околу 03:45 часот во близина на угостителски објект на подрачје на Центар, по претходна расправија, биле физички нападнати со тврд предмет од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

-На 30.09.2022 во 13:40 часот во Полициска станица Центар Ј.Б.(41) од Скопје пријавил дека на 29.09.2022 околу 20:30 часот во близина на хотел на подрачје на Центар по претходно недоразбирање бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

-На 30.09.2022 во 19:30 часот во Полициска станица Центар А.Д.(43) од Скопје пријавил дека околу 19:20 часот на подрачје на Центар по претходно недоразбирање околу сообраќајот бил физички нападнат од  две лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

-На 30.09.2022 во 11 часот во СВР Тетово е пријавено дека во Тетово 40 годишна тетовчанка била физички нападната од нејзиниот сопруг М.К.(44) од Тетово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

-На 30.09.2022 во 20:15 часот во Полициска станица Бит Пазар Б.К.(45) од Скопје  пријавила дека на 29.09.2022 околу 16:30 часот во близина на спортската сала на подрачје на Чаир нејзината ќерка била физички нападната од Ф.И.(59) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.-На 30.09.2022 во 22 часот во Полициска станица Драчево Н.Н.(51) од Скопје пријавил дека на улица „Иван Хаџиниколов“ бил каснат од куче скитник.

-На 30.09.2022 во 20 часот во Полициска станица Центар е пријавено дека на подрачје на Центар, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу З.С.(57)  од Скопје и Ш.С.(61) од Тетово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

-На 30.09.2022 околу 14:20 часот во Полициска станица Кисела Вода било пријавено дека по претходно недоразбирање околу паркинг простор на подрачје на Кисела Вода С.Н.(56) од Скопје физички ја нападнал И.Т.(35) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.-Денеска во 04:15 часот во Полициска станица Карпош 17 годишен малолетник од Скопје пријавил дека на 30.09.2022 околу 16.00 часот пред пекара на подрачје на Карпош бил физички нападнат од негов соученик. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

-На 30.09.2022 во 11 часот во Полициска станица Тетово  е пријавено дека во автобус во Тетово и надвор од него во неколку наврати 16 годишен малолетник од село Јегуновце, тетовско бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

-На 30.09.2022 во 15:30 часот во Полициско одделение Теарце Ј.Б.(42) од село Јажинце, тетовско пријавил дека околу 11 часот во село Рогачево неговиот малолетен син бил физички нападнат со тврд предмет од друг малолетник. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

-На 30.09.2022 во 10:30 часот во Гостивар од полициски службеници од СВР Тетово лишен од слобода е Ф.Р.(47) од  село Чегране, тетовско затоа што околу 09 часот агресивно се однесувал и спречувал службено лице во вршење на службени дејствија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

-На 30.09.2022 во 11 часот во Полициско одделение Галате Б.Ф.(42) од село Градец пријавил дека околу 09:40 часот за време на одмор во училишен двор од основно училиште во село Градец неговиот малолетен син бил физички нападнат со тврд предмет од негов соученик. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

-На 30.09.2022 во 23:50 часот во Полициска станица Тетово Д.А.(27) од Тетово пријавил дека околу 22:50 часот, додека бил на своето работно место како обезбедување на угостителски објект во Тетово, бил физички нападнат од М.Д. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

-На 30.09.2022 во 23 часот во Полициска станица Гостивар е пријавено дека на 29.09.2022 околу 13 часот во Гостивар по претходна расправија 38 годишна гостиварчанка била физички нападнат од нејзиниот сопруг И.Р. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

-На 30.09.2022 во 21:22 часот во ОВР-Прилеп, Х.С.(42) од Прилеп пријавила дека околу 15:30 часот по претходен телефонски договор со С.П. таа и нејзиниот син Ф.С. заминале во угостителски објект на подрачје на Прилеп каде таа била физички нападната од С.П. кој при тоа ја удрил и со пиштол. За настанот е известен Јавен обвинител.  Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

-На 30.09.2022 во 14 часот во Полициско одделение Велушина П.С.(59) од Битола пријавил дека на 29.09.2022 во  14:30 часот додека бил на своето работно место во фабрика во Битола бил физички нападнат од Р.У. од Битола. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

-На 30.09.2022 во 22:10 часот во Полициска станица Струмица Б.И.(41) од село Василево пријавил дека околу 21:30 часот пред продавница во село Василево бил физички нападнат од О.Н. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.