Владата на Република Србија на денешната седница донесе повеќе изменети прописи и одлуки, чија важност истекува на 31 октомври, меѓу кои е и Одлуката за привремена забрана за извоз на млеко и млечни производи, јави дописникот на МИА од Белград.
-Со оваа мерка ќе се спречат можни штетни последици врз стопанството и граѓаните, а измените се направени со цел да се ублажат последиците и да се спречи критичен недостиг на млеко и млечни производи, поради зголемениот извоз и потребата на населението од зголемено снабдување предизвикано од кризата на светскиот пазар, се наведува во соопштението на владата.
Според Министерството за земјоделство, забраната не се однесува на Северна Македонија и Албанија, како членки на иницијативата Отворен Балкан.
Владата го продолжи лимитот на цените на маслото, брашното, лебот и свинското месо.
-Млекото е отстрането од списокот на прехранбени производи чија цена е ограничена поради состојбата на пазарот во регионот и притисокот од високите цени, но и со цел непречено снабдување со млеко за членовите на Отворениот Балкан, соопштија од Министерството за земјоделство на Србија.