Апсења во Хрватска поради лажни Ковид сертификати! Тони Цетински осомничен и многу познати фаци – ММС
ММС

Објавено на: 09/29/22 9:54 PM

Апсења во Хрватска поради лажни Ковид сертификати! Тони Цетински осомничен и многу познати фаци

Утрово во хрватска  УСКОК спроведе акција, во која се уапсени 12 лица,кои добиле лажни ковид-потврди.  Меѓу уапсените се поранешната медицинска сестра од Домот на здравје Загреб – Запад, Петра Румиха (32), но и многу познати личности, межу кои и пејачот Тони Цетински, пишуваат хрватските медиуми.

Освен пејачот Тони Цетински, лажни потврди за КОВИД по цена од најмалку 100 евра, како што откри полицијата купиле бројни претприемачи, цели семејства, еден оперски пејач, една кандидка за мис на Хрватска, бројни сегашни и поранешни спортисти и стоматолози, пишува Телеграм.


Засега истрагата опфаќа 230 лица, но извори на Телеграм блиски до истрагата уверуваат дека ги имало уште многу.

Меѓу осомничените има и професор од Католичкиот теолошки факултет и поранешен секретар на фудбалскиот клуб, пишува Вечерњи лист.

Тимот, кој, според сомневањата на УСКОК, бил предводен од Петра Румиха, поранешна медицинска сестра, ги организирал оние кои не сакале да се вакцинираат против коронавирусот. И додека Тони Цетински јавно негира дека купил лажен сертификат за КОВИД, истражителите тврдат дека го добил во ноември минатата година. Се сомнева дека го набавил преку Томислав Колариќ, познат ресторанџија од Загреб, кој наводно бил главен посредник.

Хрватските медиуми пишуваат дека тоа е човекот кој некогаш бил косопственик на ноќниот клуб Урнебес, а сега го води барот Excellente во загребски Вишњевац. Во есента 2016 година, под неговото БМВ бил подметнат пожар.

Сега Колариќ е во бегство, односно полицијата не го нашла на ниту една адреса. Затоа УСКОК за него и за уште четворица осомничени од оваа афера побара притвор.

Некои од обвинетите, според извори на Телеграм блиски до истрагата, веднаш по апсењето ја признале вината. Тие биле соочени со доказите што истражителите ги пронашле на крајот на минатата година кога Петра Румиха за прв пат била уапсена. Потоа и бил одземен мобилниот телефон, како и сета друга опрема, па по детална анализа била отворена оваа најнова истрага.

Извор: Индекс.хр