(Видео) Срцето може да плаче и да умре од тага – Зошто луѓето многу малку го штитат овој важен орган – ММС
ММС

Објавено на: 09/29/22 9:11 AM

(Видео) Срцето може да плаче и да умре од тага – Зошто луѓето многу малку го штитат овој важен орган

Кардиоваскуларните заболувања одземаат многу животи, затоа е многу важно како се грижиме за срцето.

Српскиот кардиологот Небојша Тасиќ открива што е тоа што го прави среќно, нагласувајќи дека клучен фактор се емоциите.

– Малку му обрнуваме внимание на срцето, а најмногу му штетиме со тоа што не размислуваме како живееме. Најмногу сака насмевка, љубов, здрава храна, физичка активност. Секој од нас има одговорност кон себе, а потоа и кон другите“, изјавил докторот.
Веќе е добро познато дека стресот е главниот двигател на сите болести, но чувствата се подеднакво важни.

– Сите емоции силно влијаат на нашето срце, од убаво до грдо, а стресот е главниот предизвикувач на многу болести. Во телото постои цел збир на нерви кои доаѓаат од мозокот и ‘рбетниот мозок, кои се директно поврзани со срцето и кои можат да ја забрзаат неговата работа во состојби на возбуда, како и да го подигнат крвниот притисок. Но, не само емоциите, туку и други влијанија, како изложувањето на ниски и високи температури, можат да влијаат на работата на срцето – објаснил д-р Тасиќ.

Тој нагласи дека срцето може да плаче и да биде тажно. Згора на тоа, тагата и гневот најмногу се одразуваат на него, па може да се случи: Артимија, неправилна работа и висок крвен притисок.
– Исто така, цела низа хормони кои се лачат во телото влијаат на работата на срцето и крвните садови, како што се кортизолот или адреналинот, но едно е познато – дека и срцето страда кога сме тажни или лути. И имаше случаи кога луѓето умираа од тага – предупредува кардиологот.
Докторот Небојша Тасиќ најави и отворање на Советувалиште за тага, болка и среќа во Заводот за кардиоваскуларни заболувања во Србија, во соработка со стручни лица од Специјалната психијатриска болница Др. Лаза Лазаревиќ.

– Никогаш не земајте лекови самостојно, бидејќи може да се предозирате со нив. За какви било сомнежи посетете лекар, не игнорирајте ниту еден симптом – заклучил овој експерт.