Популарна тиктокерка Уна Каблар на Инстаграм објави дека нејзината сестра и двомесечното бебе доживеале физичко насилство.
Како што таа тврди, тие претрпеле насилство од сопругот на нејзината сестра, кој наводно ѝ се заканувал дека ќе го земе старателството над детето доколку се разведе од него.
– Сопругот на сестра ми вечерва речиси до смрт ја претепа мојата Сара. Главата ѝ ја удирал по плочките, ѝ го стегнал вратот во обид да ја задуши, а потоа со сета сила ја удрил со тупаници. Го стискал 2-месечното бебе, му направил модринки, притоа ѝ се заканувал дека ќе ѝ го земе старателството ако се разведе од него – напишала Уна.
View this post on Instagram
Како што понатаму изјавила Уна, сопругата и детето ги однел до ВМА, а потоа избегал.
-Откако ги унаказил, ги однел на ВМА и побегнал додека не дошле кај него татко му и брат му бидејќи е татин син. Дојдоа да ни се смеат пред полиција со шеги од таткото колку е горд на својот син и како ќе биде. Откако рековме дека ќе објавиме сè, татко му почна да се заканува, велејќи дека и за тоа има лек бидејќи мисли дека со пари сѐ може да сѐ реши. Во најдобар случај ќе биде казнет само со забрана за приближување иако вечерва ја претепа сестра ми речиси до смрт и сѐ уште не знаеме какви се сите последици од неговите повреди врз неа – напиша Уна и ги замоли сите да ја споделат објава за да им помогне во борбата против семејното насилство , насилството врз жена и 2-месечно бебе:
– Имаме уште многу да кажеме, но во моментов сме во шок.
Наводно се се случило синоќа околу 21 часот. Како што изјавила, на сестра и ги снимале вратот и градите, главата, бели дробови, а во полиција поднела и кривична пријава. Сестрата на Уна, како што напишала, во еден момент се онесвестила.
(Курир.рс)