Премиерот Димитар Ковачевски вечерва на прес конференција новинарите ја искористија можноста да го прашаат и за штедењето на Владата, поточно за потрошените 20.000 евра за набавка на риба и морски плодови, пари кои во ваков момент се тошеле.
-Имаше соопштение од слушбата за заеднички работи дека станува збор за рамковен договор, кој не се однесува замо за Владата, туку и за сите ресторани на СОЗР, дополнително на претседателот на Собранието и претседателот на државата, сите од тука се снабдуваат. Тоа е рамковен договор во кој тој што нарачал треба и да го плати, но и тоа што ќе се нарача треба да се плати од средбата на граѓаните доколку се работи за службени ручеци или од оној сам доколку отиде во бифеата. Без разлика, при подготовката на мерките за ранлиците категории на граѓани јас веќе одлучив дека ќе има забрана за користење и набавка на морска храна, бадеми, лешници и друго и сите средства ќе бидат насочени за помош дирекно на најранливите категории граѓани со најниски примања, рече премиерот.