Како ја завел посвоената ќерка? Апсурдната љубовна приказна на Вуди Ален и Сун Ји Превин – ММС
ММС

Објавено на: 11/24/22 9:00 PM

Како ја завел посвоената ќерка? Апсурдната љубовна приказна на Вуди Ален и Сун Ји Превин

Љубовниот живот на Вуди Ален е на граница на инцест, но сепак славниот режисер не гледа на тоа така.

Осумдесет и шестгодишниот Вуди Ален е забележан како шета по улиците на Париз со својата сопруга, Сун Ји Превин (51). Нивниот престој во Париз е оправдан, со оглед на тоа дека режисерот таму го снима најновиот трилер, откако објави дека нема намера да се повлече.

„Вуди Ален никогаш не рече дека се повлекува од светот на филмот, ниту пак рече дека пишува роман. Тој рече дека размислува за тоа да не снима филмови бидејќи не му е пријатно тоа што филмовите толку бргу одат на стриминг платформите, а тој е сепак љубител на киното“, наведе добро упат извор.

И покрај приказната дека (не) оди во пензија, никој не може да го заборави скандалот кој е поврзан со Вуди Ален. Имено, во 1992-та година настана целосен хаос во животот на славниот режисер. Тој тогаш ја остави партнерката Миа, бидејќи се заљубил во посвоената ќерка Сун Ји Первин која тогаш била малолетна. Миа тоа го дозна кога откри интимни фотографии од нив. Беше целосно скршена, но со сите сили се трудеше да го добие старателството над нивните три деца, односно посвоените Мозес и Дилан и биолошкиот син Ронан. Таа прекина секаков контакт со својот поранешен сопруг, обвинувајќи го дека сексуално ја злоставувал Дилан кога имал само седум години.

Дилан ја поддржа својата мајка во таквата приказна и јавно го обвинила не само Вуди Ален, туку и целиот Холивуд кој „мижел пред вистината и стоел на страната на насилникот“.

Тоа што Вуди Ален не беше официјално очув на Сун Ји Превин не ја намали неговата вина кај јавноста. Оваа врска никогаш не беше прифатена, но парот се венчаше во 1997-та година и посвои две деца.

„Мојата сопруга имала тешко детство во Кореја. Драго ми е што успеав нејзиниот живот да го направам многу подобар .Таа е прекрасна жена и умееше да ме поддржува во текот на сите овие години. Во брак сме 20 години, а бевме заедно и неколку години пред тоа. Не знам дали ме промени. Можеби сум истата личност како кога имав 20 години. Ги имам истите стравови, истите навики. Не сум сигурен дали воопшто се менуваме во текот на животот. Годините не ми донесоа никаква мудрост“, изјави тој во интервју пред неколку години.

Неговата сопруга пак, Сун Ји Превин го даде своето прво големо интервју за Њујорк магазинот, раскажувајќи како изгледало нејзиното растење во домот на Миа Фароу и како завршила во врска со Ален, иако била негова посвоена ќерка.

Сун Ји дошла во семејството Фароу на петгодишна возраст. Актерката Миа Фароу имала седум посвоени и четири биолошки деца, а во периодот кога ја посвоила Сун Ји, била во брак со Андреа Превин. Додека била во врска со Вуди Ален, Фароу пронашла фотографии на кои Сун Ји позира гола, а кои ги направил режисерот. Нејзината ќерка тогаш имаше 21 година, а за случајот јавноста бргу дозна.

Сун Ји всушност со Ален се зближила откако си го повредила зглобот на училиште. Си дошла дома, но не ја повикала мајка и’ бидејќи немала навика да и’ ѕвони кога и’ треба помош. Во станот бил Ален, па тој ја однел на доктор. Потоа, Фароу предложила да ја однесе на кошаркарски натпревар и така тие двајца често почнале да се дружат. Таа и Ален тврдат дека неговата врска со актерката тогаш веќе била на крајот.

„Тоа не е оправдување, она што го направивме е големо предавство, но ова ми беше прилика да бидам со некој кој ме почитува и ми посветува внимание. Секако дека прифатив, ќе бев глупа да останев со неа. Тој ме заведе, затоа и успеа нашата врска. Јас чувствував дека ме почитува“, изјавила Сун Ји.

Денес тие двајца се во брак како ништо да не се случило, режисерот тврди дека љубовта победила, а Сун Ји му помогнала да биде тоа што е.

 

Извор: stil.kurir.rs