На интернет се шири брутално видео на кое се гледа како жена им приоѓа на полицајците на улица.
Овој чин наиде на остра осуда, а жените кои храбро застануваат против репресивниот режим се поддржани ширум светот.
На снимката се гледа како жена со раширени раце им приоѓа на полицајците, а штом им се приближила, еден од нив почнал да ја удира со палка, додека во позадина се слуша вресок.
Iran: A brave woman took off her hijab and fearlessly walking toward security forces to protest against the brutal death of Masha Amini.
#MahsaAmini #Masha_Amini#مهسا_امینی pic.twitter.com/MGfxkQuAlw
— Fazila Baloch🌺☀️ (@IFazilaBaloch) September 26, 2022
Во Иран со денови беснеат протести поради смртта на 22-годишната Махса Амини, која беше претепана во притвор од иранската полиција за морал, бидејќи не носела хиџаб правилно.
Илјадници луѓе излегоа на улиците на градовите бесни од теророт што го вршат властите, а карактеристика на овие протести е што многу жени излегоа да демонстрираат, палејќи хиџаби, сечејќи ја косата и пркосејќи им на исламистичките правила на ајатола и претседателот.
Извор: Курир.рс
Фото: Принтскрин Твитер