Претставен новиот грб на кралот Чарлс Трети – ММС
ММС

Објавено на: 09/27/22 10:50 AM

Претставен новиот грб на кралот Чарлс Трети

Монограмот на новиот британски крал Чарлс Трети и беше претставен на јавноста на крајот од официјалниот период на жалост за смртта на неговата мајка – кралицата Елизабета Втора.
Во текот на следните месеци и години, грбот на Чарлс ќе се појавува на владините згради, владините документи и некои поштенски сандачиња.

Грбот се состои од првата буква од името на кралот, буквата „Ч“ (латиница С) испреплетена со буквата „Р“ од латинскиот збор реџ- кинг. Во средината на буквата „Р“ стои римскиот број „III“, кој се однесува на Чарлс Трети. Над буквите е сместена круна.
Монограмот е лична сопственост на кралот и е избран од голем број дизајнерски решенија понудени од таканаречениот колеџ на оружје, институцијата одговорна за создавање на кралски грбови. Шкотската верзија на грбот ќе има шкотска круна над буквите.

Грбот ќе го користат владините канцеларии и кралските домаќинства за обележување на поштата. Одлуката да се замени стариот грб на кралицата со нов ќе зависи од секоја индивидуална организација. Процесот ќе биде постепен, а грбот на кралицата уште некое време ќе се наоѓа на јавни згради, мебел и особено поштенски сандачиња.

Извор: rs.n1info.com

Фото: Принтскрин јутјуб