Берлускони (85) активно се враќа во италијанската политика и е реизбран за сенатор – ММС
ММС

Објавено на: 09/26/22 6:50 PM

Берлускони (85) активно се враќа во италијанската политика и е реизбран за сенатор

Силвио Берлускони, лидерот на екстремно десничарската партија „Форца Италија“, дел од десничарската коалиција, успеа да освои место во италијанскиот Сенат на вчерашните избори.

Осумдесет и петгодишниот Берлускони е избран од Монца, централна Италија. Таму тој е сопственик на локалниот фудбалски тим.

Станува збор за негова деветта изборна кампања. За неа, тој се придружи и на ТикТок, каде собра 600.000 следбеници на социјалната мрежа.

Пред девет години, Берлускони беше осуден за фискална измама, а дел од казната беше одредено време да не може да се кандидира на избори. Казната истече во 2018 година.

Берлускони, кој беше четири пати премиер на Италија, неодамна имаше и здравствени проблеми. Поради Ковид-19, тој беше хоспитализиран во септември 2020 година.

МИА