Кошаркарите на Партизан претрпеа пораз од Зенит во натпреварот од Суперкупот на ВТБ лигата што се одржа во Русија, но губитник на денот сепак беше еден навивач чијe јавно запросување на трибините пропадна.
Партизан во саботата на 24 септември одигра натпревар со Зенит од Санкт Петербург, а на средината на првата четвртина еден навивач реши да запроси девојка.
Prosidba propala na meču Zenit-Partizan: Ne bismo bili u koži ovog momka 🫠 🎥 Mozzart sport pic.twitter.com/VvUWkMTXX6
— Balkan Sports (@BalkanSports) September 25, 2022
Тој клекна на колена, ја извади кутијата со прстенот и се беше емитувано на големиот екран над теренот. Сепак, на крајот немаше аплауз. Девојчето ја затвори кутијата и се фатило за глава, а тој станал и си заминал.