„Немаат право да се нарекуваат мажи“ – Кадиров ги прозва Русите кои не сакаат да војуваат – ММС
ММС

Објавено на: 09/26/22 10:48 AM

„Немаат право да се нарекуваат мажи“ – Кадиров ги прозва Русите кои не сакаат да војуваат

Рамзан Кадиров, верен сојузник на Путин и лидер на Чеченците, се осврна на Русите кои бегаат од војната и жестоко ги прозва.
„Дали имаат право да се нарекуваат мажи? Не! Дали имаат чувство за чест? Не! Чувство на достоинство? Не! Некои морални вредности? Немаат!“, започна Кадиров.

Тој додава дека е особено изненаден од некои мажи на Кавказ.

„Луѓе, мислите дека бегате од смртта?“, пишува Кадиров на Телеграм и додава дека смртта за татковината треба да биде посебна чест.

„Со помош на фашистите кои дејствуваат во Украина, тие сакаат да ја уништат нашата земја. Тоа значи дека нашата татковина е во опасност. Десетици милиони Руси немаат поим колку пати нашата земја била под закана во последните 20 години. И само благодарение на јасната и компетентна политика на рускиот претседател Владимир Путин не успеаја“, рече чеченскиот лидер.

Тој додава дека дури и ако проруските сили ги напуштат сите региони, вклучувајќи го и Крим, Западот ќе продолжи да врши притисок врз Русија.

„Ви давам збор – ако не ги браниме нашите интереси, тоа ќе заврши лошо за сите Руси. Ќе ги изгубиме суверенитетот и независноста на Русија, а непријателите ќе ни дојдат во сите домови. Одлучете сами и ние, Чеченците, ќе ја браниме нашата земја и ќе ја исполниме наредбата на претседателот на државата“, рече Кадиров.

Извор: ba.n1info.com