(Видео) Евтин начин за греење дома – Како да се стоплите на свеќи? – ММС
ММС

Објавено на: 09/26/22 10:11 AM

(Видео) Евтин начин за греење дома – Како да се стоплите на свеќи?

Цените на струја и гас во Европа светот и натаму уриваат рекорди, па луѓето се обидуваат да најдат поевтин, а делотворен начин на затоплување дома оваа зима. Така, на интернет се појави „изработи сам“ греалка од свеќи (препорачливо ниски) и садови од глина. За овој импровизиран уред, клучно е да се има повеќе садови со различни големини.

Концептот е следен… Глинена саксија се поставува на држач којшто ја одвојува од основата – глинена чинија превртена наопаку. Подлабокиот сад треба да ја собира топлината од свеќите поставени запалени под него.

 

@ftmog Terracotta pot heater. #ftmog #terracotta #diy #heater ♬ original sound – FTMOG

Просторот под саксијата мора да биде отворен за свеќите да имаат кислород за согорување, а со затвореноста, сѐ тоа ја засилува топлината, па тоа уште посилно зрачи во просторот. Следачите се задоволни од оваа видеолекција.

Друг корисник направил своја верзија на овој дизајн, па ги снимил резултатите со термална камера, почнувајќи од 22,2 Целзиусови степена, достигнувајќи до 50,6 степени.

МИА