Министерот Бочварски и Маринела направија свадба во Скопје: На веселбата негови колеги и колешки од Влада, а српскиот заглави на граница – ММС
ММС

Објавено на: 09/25/22 5:57 PM

Министерот Бочварски и Маринела направија свадба во Скопје: На веселбата негови колеги и колешки од Влада, а српскиот заглави на граница

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и неговата избраничка, штипјанката Маринела вчеравечер правеа свадбена веселба во Скопје.

Вљубениот пар ја направи својата свадба во „Александар Палас“, откако во мај годинава се венчаа во црква. Според фотографиите објавени на социјалните мрежи вчеравечер, може да се забележи дека на свадбената веселба присуствувале голем дел од колегите на Бочварски.


Меѓу нив, поранешниот градоначалник на Центар Андреј Жерновски, министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, како и министерката за одбрана, Славјанка Петровска.

Дел од гостите биле и вицепремиерката Славица Грковска и министерот за земјоделство Љупчо Николовски, но и генералната секретарка на Собранието, Цветанка Иванова.

„Среќен брак Маринела и Благој“, напиша министерот Николовски на социјалните мрежи споделувајќи фотографија.

Бочварски на свадбата го поканил и својот српски колега, министерот за градежништво на Србија, Томислав Момировиќ, кој пак на граница чекал повеќе од еден час.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by tomamomirovic (@tomamomirovic)

„Тргнав во Скопје, на венчавката кај мојот пријател и колега Благоја Бочварски. На граница чекав подолг од еден час. Тоа е неприфатливо. Потребен ни е Отворен Балкан“, објави Момировиќ на Твитер.

За потсетување, министерот ја запроси саканата Маринела лани во август, а годинава  се венчаа во храмот Свети Никола во Штип.

Министерот Бочварски не е веќе ерген! Потроши ли една плата за прстенот на Маринела?