Гладни сте и немате време да чекате ручекот да се направи или сакате да им угодите на децата, бидејќи е нивното омилено јадење? Еве рецепт за лажна пица направена со состојки кои веќе ги имате во кујната.
Состојки: шест јајца, леб, шунка по ваш избор, тврдо сирење, домати, печени пиперки, маслинки, путер, оригано или уште нешто ако сакате.
Подготовка: јајцата се матат, се истураат во тавче премачкано со растопен путер. Лебот исечкајте го на тенки парчиња и наредете ги преку јајцата. Потоа свртете ја на другата страна и одозгора нарендајте сирење и шунка. Наредете ги парчињата домати, додадете пиперки и маслинки. Наредете како сакате или што сакате. Одозгора посипете малку рендано сирење и оригано. Се пече во загреана рерна на 200°Ц околу 30 минути.