Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, заедно со сопругата Елена Ковачевска, присуствуваше на свечениот прием за претседателите на држави и влади, организиран од претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден. Приемот во организација на претседателот Бајден, се одржа во рамки на 77-то Генерално собрание на Обединетите нации.
-Присуството на премиерот Ковачевски на приемот организиран од претседателот Бајден е уште една потврда на долгогодишното стратешко партнерството на Северна Македонија со САД, како и поддршката што како држава ја добиваме во исполнување на клучните цели, но и за реализација на предвидените приоритетни политики за економски, социјален и демократски просперитет на државата, информираат од Влада.
Придобивките од членството на Северна Македонија во НАТО и стратешкото партнерство со САД, се од исклучително значење за нашата држава особено во овој период на глобална економско-енергетска криза со која се соочува целиот свет.