Сама сум, не се плашам и немам проблем да застанам против сите, вели Арсовска и демантира дека таа стои зад билбордите со Мицкоски – ММС
ММС

Објавено на: 09/20/22 1:12 PM

Сама сум, не се плашам и немам проблем да застанам против сите, вели Арсовска и демантира дека таа стои зад билбордите со Мицкоски

Градоначалничка Данела Арсовска денес на средба со новинарите одговараше на прашања поврзани со минатонеделните случувања и кавгата со ВМРО-ДПМНЕ и лидерот Христијан Мицкоски.

И покрај поддршката на оваа партија кога се кандидираше за градоначалник, таа рече дека не ја интересира политика и дека  времето ќе покажа дали Скопје ќе трпи заради караниците со опозициската партија и честата смена на директорите.

-Ние ќе сториме се’ за да продолжиме да работиме во интерес на градот, на граѓаните. Ова што се случува сметам дека не треба да се премолчи. Доколку цената за тоа е ова што го гледаме, ќе си ја понесеме одговрноста и со резултатите кои ќе се постигнат ќе видиме дека  всушност ништо не сме изгубиле. Овие директори се вршители на должности кои не верувам дека треба да се заштитени ако не ги исполнуваат обврските и довербата, рече Арсовска.

На новинарско прашање околу кавгата со опозициската партија и билбордите на Мицкоски Арсовска рече:

– Оваа е многу комплицирана ситуација и не би сакала да навлекувам во политички пресметки. Не ме интересира политика. Што се однесува до политичките чинители во државата и во која мера тие ќе се одлучат да ги поддржат овие проекти оставам на нивната совест. Не сум нарачувала билборди, немам ниту таква моќ, ниту средства, ниту правам ниту имам зошто. Сами ги знаете луѓето кои имаат таква моќ, а тоа не сум јас. На судот на граѓаните е да проценат кој е во право. Јас сум сама и немам проблем да застанам против сите кога се работи во интерес на граѓаните. Не сум играч на Груевски, немам контакт со него, ниту со еден политички поранешен и сегашен лидер,  рече Арсовска низ иронична насмевка.

Арсовска минатата недела го разреши директорот на ЈП „Водовод и канализација“ Златко Перински и секретарот на Градот Ѓоко Велковски. На седницата на Советот на Град Скопје се караше и со советниците од ВМРО-ДПМНЕ, а Мицкоски го нарече шпицен градоначалник и  му порака да не се крие и му дека ништо не направил за да ги спречи Преспанскиот договор и Договор со Бугарија.

Оттаму и на денешната прес конференција беше прашана за вработувањето на 100 лица за кус период во ЈП „Водовод и канализација“.

-Пред неколку емсеци бевте сведоци на она што се случуваше со Комунална хигиена, покренав до сите претпријатија во која мера тие ги почитуваат овие принципи. Видовме дека не се поставува прашањето како некој успеал за толку кус период вработил 100 лица. Времето ќе покаже која била целта. Сите директори ќе имаат одговорност ако не си ги вршат обврските и имаат вработени кои земаат плата, а не одат на работа, рече таа, а на прашањето дали има непријатели и дали стравува за безбедноста таа додаде:

-Имам повеќе пријатели отколку непријатели. Искрено, минатите месеци многу работи се случуваа. Се соочувам со машинерија, на која не им е мило што се разобличува. Јас не се плашам, а дали тие планираат нешто да превземат тоа оставам на нив, рече таа на крајот.