„Нека и е честито со дезертерот Ковачевски“ – Градоначалниците од ВМРО ДПМНЕ веќе нема да одат на настаните на Арсовска – ММС
ММС

Објавено на: 09/20/22 12:35 PM

„Нека и е честито со дезертерот Ковачевски“ – Градоначалниците од ВМРО ДПМНЕ веќе нема да одат на настаните на Арсовска

Градоначалничката Арсовска денес промовираше проект во општината Гази Бабаа, на кој од неразбирливи причини не беше поканет градоначалникот, Боби Стефковски со чија соработка се работи на проектот.

Проектот  беше поддржан од мнозинството на советници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Советот на Град Скопје.

Ова го налути ВМРО ДПМНЕ, кое реши да се огради од градоначалничката, а од денес сите нејзини градоначалници нема да присуствуваат на ниеден настан од Арсовска.

-Поради немањето на соодветна и нормална комуникација што треба еден градоначалник на Град Скопје да ја има за добробит на градот, како и поради неисполнувањето на обврските од ветеното од програмата „За модерно Скопје, поради кој и беше дадена довербата на градоначалничката Арсовска, но и нејзината силна инволвораност во сомнителни и криминогени зделки ВМРО-ДПМНЕ во целост се оградува од однесувањето на Арсовска и градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ нема да присуствуваат на ниту еден настан на градоначалничката Арсовска. Нека и е честито новата коалиција на уценетата Арсовска и дезертерот Ковачевски, информираат од партијата.