Гледачите на ТВ преносот на погребот на кралицата Елизабета во еден момент беа шокирани од пајакот, кој некако завршил на ковчегот, поточно на пораката што на него ја остави кралот Чарлс.
Сцената е снимена додека војската го носела ковчегот во Вестминстерската опатија.
– Ова е најсреќниот пајак на светот, напиша твитерџиката која прва ја забележа необичната глетка.
Видеото веднаш го пренесоа многу британски медиуми, шпекулирајќи како пајакот се качил на ковчегот.
There was a spider on The Queen’s Coffin 🕷⚰️ As a spider fan, I am eleated! 😄 👍 Luckiest Spider in the world! pic.twitter.com/utZ8Tuh120
— Evildalek79 (@EvilDalek79) September 19, 2022
– Ова е потсетување дека и во најдобро испланираниот ден може да има изненадувања, заклучиле Британците, додавајќи дека најверојатно станува збор за „слуга од кралската градина“.
Извор: Курир.рс/Индекс.хр
Фото: Принтскрин