Фудбалерот на Барселона, Жерар Пике преку својот адвокатски тим објави соопштение како предупредување до медиумите и папараците кои континуирано објавуваат „непроверени информации“ за него и целото раскинување со поп пејачката Шакира.
– Пишувањето на некои медиуми и папараци е континуирано, принудувајќи го нашиот клиент да ја промени својата секојдневна рутина со единствена цел да ги заштити своите деца, семејството и блиските – се вели во соопштението на адвокатите на Пике.
Tremendas declaraciones de Shakira. Piqué ha salido 2 horas antes cabreado con los abogados. #ChiringuitoInside #Shakira #Pique #ULTIMAHORA @elchiringuitotv @salvameoficial pic.twitter.com/0GF0iKGfYV
— Dani (@Daniel20949375) September 15, 2022
Во продолжение на сведочењето на адвокатите на Пике, се заклучува дека тој се бори за старателството над децата, синовите Саша и Милан, со поранешната партнерка, која наводно сака да ги земе со себе во Мајами. Сепак, Пике сака момчињата да останат со него во Шпанија, каде што живеат од раѓање и завршуваат училиште.
Сепак, Шакира беше видена како го напушта судот во Шпанија откако беше прогласена за невина за затајување данок.
Шпанската влада ќе и ги врати парите, вклучително и голема сума на репарации. Таа го доби и целосното старателство над своите деца и се очекува наскоро да се пресели во Мајами.
(Курир.рс)