– Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен јужен ветер. На места врнежите ќе бидат пообилни (локално над 25 л/м2 воден талог). Максималната температура ќе биде во интервал од 21 до 29 степени.
Во Скопје во текот на денов ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен
пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, а попладне засилен јужен ветер.
Според УХМР, утре во текот на денот облачноста ќе се намали и ќе дува засилен северен ветер,
што ќе услови значително опаѓање на дневната температура.
Во текот на работната седмица времето ќе биде стабилно со студени утра и со дневни температури кои ќе бидат под просекот за овој период од годината. Услови за локален дожд ќе има во среда.