Ако Арсовска не се извини, директорите ќе покренат кривична пријава за клевета, вели Мицкоски – ММС
ММС

Објавено на: 09/16/22 3:20 PM

Ако Арсовска не се извини, директорите ќе покренат кривична пријава за клевета, вели Мицкоски

Луѓето што ме познаваат знаат дека не сум човек кој врши притисоци или се заканува. Благодарение на ВМРО-ДПМНЕ и скопјани успеавме да победиме на претходните локални избори и застанавме околу концептот за модерно Скопје на независниот кандидат Данела Арсовска.

Само сакам да и посакам многу успех во работата и проектите кои се дел од концептот за модерно Скопје да бидат реализирани зашто изминатава годиа помина, но, за жал, од тие ветувања не видовме ништо и јасно и ставивме до знаење дека сме разочарани, рече денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Како што рече Мицксоки, одговорајќи на новинарски прашања по посетата на општина Штип заедно со градоначалникот Иван Јорданов, ако Арсовска не се извини, директорите ќе покренат кривична пријава за клевета.

-Јас колку што знам тие ги повикаа Антикорупциската комисија, Обвинителството и истражните органи да направат ревизија на нивното работење и да излезат со став во јавноста. Ако не се извини Данела Арсовска, колку што разбрав од нивните статуси и соопштенија, тие ќе покренат кривична пријава за клевета и нарушување на угледот. Но, тоа не е важно, важно е се што беше дел од концептот на модерно Скопје да биде реализирано и за тоа ќе има поддршка градската администрација. Тоа што е подзаборавено ќе потсетиме, а тоа што е спротивно на концептот за модерно Скопје жестоко ќе го критикуваме и ќе се спортивставиме со сите сили и алатки што ги имаме, нагласи Мицкоски.

Претседавач на Советот на Град Скопје, рече, останува Трајко Славески, а мнозинството во Советот е стабилно.

-Продолжуваме понатаму да работиме, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.