Познатиот тенисер Роџер Федерер и официјално потврди дека става крај на професионалната кариера.
И покрај тоа што тенисерот има 40 години, фановите со голема тага ја дочекаа оваа вест.
Федерер зад себе има многу успешна и блескава кариера, додека неговата сопруга Мирка секогаш била покрај него, давајќи му огромна поддршка и ветер во грб. Интересно е што таа играше и тенис, па не е чудно што беше со разбирање и поддршка.
Мирослава Вавринец е родена во Словачка во 1978 година, а кога имала две години нејзините родители емигрирале во Швајцарија. Таа беше многу успешна во тенисот, додека најголемото достигнување и беше позицијата на 76. место во светот во 2001 година. Само една година пред тоа, таа на Олимписките игри во Сиднеј ја запознала љубовта на нејзиниот живот, Роџер Федерер.
Набргу откако се запознале, влегле во љубовна врска. Интересно е што Мирка во тој момент не била сингл, односно била свршена со богат Арап, објави италијанскиот магазин „Џиоја“.
Кога сфатила дека е вљубена во познатиот тенисер, ја раскинала свршувачката, обидувајќи се со години да го сокрие тоа од јавноста.
View this post on Instagram
Седум години по завршувањето на кариерата поради повреда, Мирка застанува на луд камен со Федерер. Парот се венчаше во 2009 година, а Мирка истакна дека тој и бил најголем поддржувач.
“Роџер ми беше најголема утеха во тие осум месеци опоравување од повредата. Ми го врати тенискиот живот. Кога победуваше, како да победував”, изјави еднаш Мирка.
Нивниот брак беше крунисан со деца, ќерките Мила и Шарлин и синовите Лео и Лени.
Мирка отсекогаш го следела тенисерот и го поддржувала на турнирите, па нема сомнеж дека ќе биде покрај него и сега кога тој ја донесе тешката одлука да ја напушти кариерата.
Пред две години тенисерот им откри на новинарите дека му е важно сопругата да биде секогаш задоволна, па затоа е подготвен да се откаже од тоа заради неа.
„Кога на Мирка ќе ѝ здосади од патување, тогаш ќе престанам“, рече тогаш.
Се шпекулираше и дека таа е таа што воведува ред во куќата, а нејзиното строго појавување на натпреварите само дополнително ги подгера приказните дека е строга и амбициозна.
Извор: Курир.рс