Како изгледа најубавата пица? Најдобрите пет пицерии во светот – ММС
ММС

Објавено на: 09/17/22 5:11 PM

Како изгледа најубавата пица? Најдобрите пет пицерии во светот

Објавено е годишното рангирање на 50-те најдобри пицерии во светот, составено од италијанската иницијатива „50 Топ пица“. Следи топ-5 листата.

„Менито говори за истражување на најмодерните теста, прецизно готвење и интересни комбинации на висококвалитетни состојки што зборуваат за експериментирање со елегантна кујна и пица која останува апсолутен протагонист на трпезата“, стои на нивната страница.

Престижното рангирање пицерии од 2017 година го составуваат анонимни познавачи, водејќи се пред сѐ од квалитетот на пицата, но и од други критериуми, како што е понудата на вино и пиво. Годинава на списокот најдобри светски пицерии првото место го делат две гостилници – „Пицерија И Масаниели“ од Касерта, Италија и „Уна пица Наполетана“ од Њујорк, САД. А, третото место ѝ припадна на француската пицерија „Пепе“ во Париз.

Пицеријата со седиште во Италија, четири години по ред го освојува првото место.

На четврто и петто место се пицериите „50 Кало“ и „Диего Витаљано“ во Неапол, Италија.

Фото: Инстаграм