Пејачката Александра Пријовиќ синоќа гостуваше во емисијата „Амиџи шоу“ кај водителот и автор Огњен Амиџиќ, па на почетокот на емисијата откри деталие за физичката пресметка со девојка на настап.
Според Александра една девојка од публиката покажала отворена нетрпеливост кон неа, навредувајќи ја цело време додека траел нејзиниот настап. Како што се вжештувала ситуацијата, Александра откри дека по пресметката неа ја плукнала невоспитана девојка од публиката.
– Да, удрив девојка на настап. Таа девојка ме навредуваше цел настап – изјави Александра во Амиџи шоу и продолжи:
-Тоа траеше, а откако поминував покрај неа, ме плукна пред сите. Кога го видов тоа… Тогаш така изреагирав, ја удрив – изјави Пријовиќ, што ги изненади сите во студиото.