„Не правете циркузијада од смртта на мајка ми, беше длабоко разочарана од неа“ – Горан Алачки се налути на Андријана и на новинарите – ММС
ММС

Објавено на: 09/14/22 9:32 AM

„Не правете циркузијада од смртта на мајка ми, беше длабоко разочарана од неа“ – Горан Алачки се налути на Андријана и на новинарите

Во саботата почина  мајката на маестро Горан Алачки, а тажната вест тој ја објави на Фејсбук.
Потоа со емотивна објава на Фејсбук се јави и неговата поранешна сопруга Андријана Алачки, која со тага се прости со поранешната свекрва.
Токму ова го налути Горан, кој реши исто така на Фејсбук да им се обрати на новинарите, кои го објавија постот на Андијана и ги замоли, како што рече, „да не прават циркусијада од изјави на бивши членови на семејството“.
-Почитувани медиуми. Ве молам. Од загубата на мојата мајка Натка Алачка не правете циркузијада од изјави на мои бивши членови на фамилијата Алачки, кои лажно го носат тоа презиме и го користат во комерцијални цели и прават театар од тоа. Оставете ја мојата мајка да почива во мир и спокој. Мојата мајка последните години од животот, беше длабоко разочарана од таа личност која сега пишува поезија за неа, напиша Горан.
Постот што го налути Горан, Андријана го објави во неделата, на денот на погребот на поранешната свекрва.
Таа напиша:

-Со голема тага и силна болка ја примив веста за смрта на мојата свекрва, Натка Алачка. Беше борец, силна, одлучна, но тивка и кревка. Беше пример за сопруга, мајка, баба, пријател. Со неа поминав многу долги години од мојот живот, ми беше поткрепа во животните метежи, се радувавме и плачевме заедно и секогаш ќе ми останат сите нејзини совети како една книга оставена во аманет. Беше прекрасна, грижлива и посветена баба на моите деца. Секогаш велеше,, терај си ја работата, јас сум тука”. Сега веќе не си тука, но вечно ќе живееш во нашите срца, спомени и времиња. Твоето име ќе се спомнува, затоа што остави добри дела позади себе. Беше столб во семејството, не дозволуваше ниту една бура да те разниша, секогаш беше со главата горе, горда и достоинствена. Сеуште го паметам мирисот на твоите малешевски зелници, пишии и твоите кадн’ки…никој не знаеше подобро од тебе. Ти благодарам за се!!! Летај кај ангелите, светол да ти е патот, почивај барем сега во мир! Лесна ти земја, божествена мајко, напиша Андријана.
Горан и Андријана беа во брак долги години, а пред една деценија решија да се разведат. Од заедничкиот живот ги имаат ќерката Грациела и синот Благојче. Веќе неколку години се баба и дедо на внуката Јана, која ја добија од ќерката.
Во саботата почина мајката на Горан, Натка Алачка. Поскедните неколку години таа не беше добра со здравјето, па Горан се пресели во Радовиш за да ја чува.