Повеќе пати досега научниците укажуваа на тоа дека апчињата за контрацепција може да имаат несакани ефекти кај жените кои ги користат.
Иако нивната улога е значајна кога станува збор за превенција од несакана бременост, сега се покажа дека последиците кои ги оставаат не може да се занемарат. Имено, истражувачите од универзитетот во Мелбурн спровеле истражување во кое учествувале 278 девојки односно студентки од 21 држава. Од нив било побарано да одговорат на прашања за сексуалните желби, како и за нагоните што ги чувствуваат по менструалниот циклус. Од девојките кои учествувале во експериментот, 86 користеле апчиња за контрацепција.
Истражувањето покажало дека девојките кои користеле вакви апчиња, во периодот на овулација ја губат сексуалната желба, која била за шест пати помала за разлика од оние кои не користеле апчиња за контрацепција. Научниците објаснуваат дека повеќето жени во периодот на овулација се чувствуваат посигурно во себе и попосакувано, бидејќи во тие денови нивното либидо расте. Тоа не било случај со оние кои ги користеле апчињат.
Хормонската контрацепција директно влијае на три хормони во женското тело: тестостерон, прогестерон и естрадиол. Во студијата која ја контролиравме, добивме податоци дека жените кои користат апчиња имаат помала желба за упорност и достигнувања, како и дека мотивацијата за успех им е многу пониска.
Значи, според новите податоци жените кои користат апчиња за контрацепција се со значително помало либидо, тие се повеќе анксиозни во споредба со оние кои користат други видови контрцепција при сексуалните односи.
Извор: srecna.republika.rs
Фото: Илустрација / Pexels