Трагедија! Паднал од балкон на семејната куќа и починал – ММС
ММС

Објавено на: 09/13/22 1:01 PM

Трагедија! Паднал од балкон на семејната куќа и починал

МВР информира за несреќа која се случила во селото Мешеишта, каде на необичен начин починал маж.

-На 13.09.2022 година во 01.22 часот во СВР Oхрид, пријавено е дека В.Б.(69) од селото Мешеишта, општина Дебарца, паднал од балкон на семејната куќа и починал. Смрт без траги на насилство е констатирана од лекар во Итната медицинска помош Охрид, а увид извршија јавен обвинител и полициски екипи, вели портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.