Жител на неготинско село физички ја нападнал ќерката, кавадарчанец се заканувал на сопругата, двајцата биле лишени од слобода, информираше денеска Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.
– Вчера, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода Г.Ц.(42) од неготинско село затоа што претходниот ден, по кратка расправија со неговите родители, сопругата и децата, физички ја нападнал неговата ќерка. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок, соопшти Самарџиев.
Полициски службеници од ОВР Кавадарци вчера го лишиле од слобода кавадарчанецот Г.А.(32), затоа што и се заканил на неговата сопруга. Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
Вчера исто така, во Полициската станица Кавадарци, 47-годишна жена од Кавадарци пријавила дека на 11 септември околу 17.30 часот, во дворот од семејната куќа била физички нападната од нејзиниот сосед А.М.. Се работи на расчистување на случајот.
Кавадарчанец во полициска станица пријавил измама од лице од Скопје за 28.600 денари, соопштија денеска од СВР Велес.
– Во Полициската станица Кавадарци, 42-годишен жител на Кавадарци вчера пријавил дека бил измамен од едно лице од Скопје за сума од 28.600 денари. Според пријавеното, пред два и пол месеци тој се договорил со лицето да му помогне да добие работна виза за Англија, по што му ги дал парите, појаснија од СВР Велес.
Како што било пријавено, тој не добил виза, а не му биле вратени ниту парите, по што се посомневал дека е измамен.
Се работи на расчистување на случајот.
МИА