Од Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски информираат дека тој ќе присуствува на погребот на Кралицата Елизабета.
-Претседателот Стево Пендаровски со сопругата ќе присуствуваат на државниот погреб на Кралицата Елизабета Втора, што ќе се одржи на 19 септември 2022 година (понеделник) во Лондон, информираат од таму.
Голем број шефови на држави и влади од целиот свет, како и дел европски кралици и кралеви, се очекува да присуствуваат на државниот погреб на кралицата на Велика Британија, Елизабета Втора.
Како што беше соопштено официјално, присутни ќе бидат претседателите на Италија – Серџио Матарела, на Германија – Франк-Валтер Штајнмаер, на САД – Џо Бајден, а според Белата куќа, тој ќе пристигне заедно со сопругата Џил.
Британците ќе добијат уште еден слоободен ден.
Достоинствениците до Вестминстерската опатија ќе патуваат со автобуси со придружба. Поради „строгите безбедносни и ограничувања на патиштата“, од нив ќе се бара да не доаѓаат со своите приватни државни возила, се наведува во документи разгледани од Политико.
Веројатно и членови на европски кралски семејства ќе допатуваат во Лондон на погреб, вклучувајќи ги оние од Шпанија, Белгија, Норвешка, Данска, Шведска, Холандија.
Кралицата почина во четвртокот на возраст од 96 години. Принцот Чарлс со смртаа на кралицата автиматски стана нов крал на Велика Британија, Чарлс Трети.