Новинарката на Би-Би-Си, Касија Мадера, разговараше со многу граѓани кои дојдоа да и оддадат почит на кралицата пред Бакингемската палата во четвртокот навечер.
Еден од интервјуираните, изгледа, не ни знаел дека кралицата умрела, се забавувал што се собрале луѓе, па отишол и тој таму.
„Дојдов дома после работа, го вклучив телевизорот и видов дека си тука. Мислев дека нешто се случува и дојдов да видам што, сакам да бидам дел од ова“, изјавил сосема сериозно случајниот минувач.
“I turned on the TV and I saw YOU” 2am vox pops by @KasiaMadera on #BBCNews pic.twitter.com/qHcxeWUHwM
— Leigh Butcher (@LeighButcher) September 9, 2022
„Сета таа различност е добра, интересна и навистина убава“, рече тој со широка насмевка, гестикулирајќи кон толпата.
По коментарот, новинарот брзо го заврши интервјуто и му се заблагодари.
Иако не е сигурно дали само се обидувал да се пошегува или навистина се уште не ја слушнал веста која одекна низ светот, видеото стана вирално на социјалните мрежи.