Разрешен e директорот на „Водовод“, Златко Перински, поради самоволие и несоодветно постапување во постапка за милионски тендер. Ова пред малку го соопштија од Град Скопје прку соопштение, во кое се вели:
-Град Скопје го разреши Златко Перински, в.д директорот на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ поради самоволие и несоодветно постапување во постапка за милионски тендер. Поради обиди за влијание кои се сметаат за тенденција која ги потврдува основаните сомнежи на Град Скопје за самоволие и несоодветно постапување во постапката за избор на изведувач на тендер вреден 136 милиони евра, за изведба на пречистителна станица, Перински е разрешен во петокот, велат од Град Скопје